Top Sport

Дешам го објави списокот, на него е и Бензема!

Францускиот селектор, Дидие Дешам го објави официјалниот список на 26 фудбалери кои ќе настапат на Европското првенство, потврдувајќи ги вестите дека по шест години „егзил“ во синиот дрес се враќа и ѕвездата на Реал Мадрид, Карим Бензема.

Бензема беше „протеран“ од репрезентацијата на крајот на 2015 година, кога од неговиот соиграч Матју Валбуена беше обвинет дека бил дел од заговорот за уценување на Валбуена со секс-лента. Оваа сезона, Бензема е во одлична форма со 29 гола во 45 меча.

ГОЛМАНИ: Љорис, Манданда, Мањан.

ОДБРАНА: Павар, Дубоа, Зума, Варан, Кимпембе, Ленгле, Л.Ернандез, Дињ, Кунде.

СРЕДЕН РЕД: Погба, Канте, Рабио, Толисо, Сисоко, Лемар

НАПАД: Бен Једер, Бензема, Коман, Дембеле, Жиру, Гризман, Мбапе, Турам

Scroll to Top