Top Sport

Дешам и Франција мислеа дека Бензема е идиот, вели угледниот француски новинар

Карим Бензема беше „измачен“ на тренинзите на француската репрезентација без висинска причина и кон него беше покажано крајно непочитување за време на СП во Катар, вели угледниот новинар на „РМЦ“, Даниел Риоло во необичен напад на селекторот Дидие Дешам и француската фудбалска федерација.

Коментарите на Риоло ја потврдуваат тезата дека селекторот Дешам не сакал да го врати Бензема во репрезентацијата, но сметал дека мора да го направи тоа откако тој ја освои „Златната топка“ и потоа ја искористил првата шанса да го исфрли од тимот по повредата на тренинзите.

„Се однесуваа кон него како да е идиот и се ослободија од него. Од него беше барано да се форсира на тренинзи кога тој не го сакаше тоа и затоа повторно се повреди. Но, сепак, можеше да биде на клупата за осминафиналето, а за четврт-финалето ќе беше фит“, тврди Риоло.

Бензема одиграл еден час во пријателски меч со Реал Мадрид три дена пред финалето против Аргентина.

„Карим Бензема заслужува повеќе респект. Покрај Дешам, и на некои фудбалери како Иго Љорис, Антоан Гризман и Оливие Жиру им одговараше кога тој си замина. Дешам воопшто не го сакаше во репрезентацијата. Не знае како да менаџира со различни карактери во тимот. Силен е во градење на тимски дух, но тоа не истото. Бензема секогаш му бил проблем“, вели Риоло.

Scroll to Top