Францускиот селектор Дидие Дешам потврди дека Пол Погба нема да биде повикан во селекцијата поради повреда која ќе го оддалечи од терените најмалку три недели, што значи дека тој нема да биде дел од дербито со Ливерпул на 20 октомври.
Ова е уште еден удар за Манчестер јунајтед, откако Погба се врати на теренот по еден месец во аут минатата недела и играше при 1:1 ремито со Арсенал во понеделникот. Оле Гунар Солскјер тврдеш е дека му е потребен одмор, но Дешам вели дека има „нова грижа“ и тој нема да биде дел од составот на Франција за дуелите со Исланд и Турција.
„Има нова грижа околу неговиот скочен зглоб. Играше во купот, играше и во понеделникот, но има поголем проблем. За жал, тој не е во физичка форма да биде дел од репрезентацијата“, изјави Дешам.