Францускиот селектор Дидие Дешам смета дека Пол Погба има шанси да се врати во репрезентацијата, но само ако се врати „вистинскиот Пол“ по катастрофалната повратничка сезона во Јувентус.
30-годишниот Погба се врати во Торино како слободен играч по крајот на договорот со Манчестер јунајтед минатото лето, но пропушти речиси цела сезона со операција на коленото и потоа дополнителна повреда. Тој исто така не беше во составот на Масимилијано Алегри за првиот меч од новата сезона против Удинезе.
„Да, потенцијално има место за него. Но, тој сега е на нов почеток по компликувана година со повреди и проблеми надвор од фудбалот, така што мора да се соземе. Ќе зборувам со него, секако, но уште нема дефинитивен рок за негово враќање. Прво нека се врати на тренинзи, па на мечеви, а потоа ќе видиме. Го сакам Пол во тимот, но само ако е вистинскиот Пол. Тој има менталитет и способност да се врати“, вели Дешам.
Погба, кој има 91 настап за „триколорите“ последен пат беше дел од репрезентацијата како замена при 5:0 победата во пријателски меч против Јужна Африкa во март 2022 година.
Didier Deschamps parle de la situation de Paul Pogba dans notre entretien : « Je veux Paul en équipe de France si c'est Paul » 👉 https://t.co/pxZ2oTT02W pic.twitter.com/yznpB3wtB2
— L'ÉQUIPE (@lequipe) August 24, 2023