Top Sport

УЕФА со идеја финалето на ЛШ да се оддржи во САД!

УЕФА, но и голем број на елитните европски клубови, се отворени за идејата, финалето на Лигата на шампионите да се „пресели“ во Соединетите Американски Држави, за да се искористи финансискиот потенцијал на Америка, и да се популаризира уште повеќе европскиот фудбал, тврди шпанскиот „АС“.

Американскиот ТВ-пазар е убедливо најбогатиот на светот, така што Европската асоцијација на клубови (ЕЦА), каде што се собрани најмоќните европски клубови на состанокот во Истанбул следната недела ќе ја разгледува и опцијата за „ширење“ на пазарот. УЕФА веќе ја почувствува моќта на американските долари кога го објави шестгодишниот договор за ТВ-преноси од Лигата на шампионите во САД со „ЦБС“, „Виаком“ и „Парамаунт“ за фантастични 1.5 милијарди долари.

Растот на популарност на фудбалот (или сокерот) во САД веќе не е ограничен на огромната латино-популација, како што се гледа со поддршката на 28-те клубови во МЛС лигата.

Овие идеи доаѓаат откако во Премиерлигата повеќе клубови имаат американски газди (Ливерпул, Манчестер јунајтед, Арсенал, а сега и Челси), и по идејата на првиот човек на Челси, Тод Бели за користење на популарноста со организирање на Ол-Стар натпревар во Премиерлигата.

Scroll to Top