Детали го делат српскиот репрезентативец Лазар Самарџиќ од трансфер во Наполи.
Италијанските медиуми денеска повторно пишуваат дека преговорите меѓу Наполи и Удинезе се во завршна фаза.
Наполи на Самарџиќ му понуди годишна плата од 2,5 милиони евра и договоор со јуни 2028 година.
„Скај спортс Италија“, наведува дека Аурелио Де Лаурентис има одлични односи со раководството на Удинезе и дека тоа било пресудно за Наполи да победи во трката за потписот на српскиот репрезенттаивец.
Интерес за него покажа и Јувентус,а летово пропадна неговиот договорен трансфер во Интер.
Самарџиќ пристигна во Удине од Лајпциг во летото 2021 година за само три милиони евра.
Наполи реагираше на пазарот и експресно најде замена за Елиф Елмас кој кариерата ја продолжи во Лајпциг.