Дуелот на Брегот на Слоновата Коска и Екваторска Гвинеја е деветтиот меч од вкупно 11 на Африканскиот Куп на нации кој завршува со резултат 1:0, покажувајќи дека најдобрите африкански напаѓачи уште не се „загреале“ доволно.
Меѓутоа, голот на капитенот на БСК, ветеранот Макс Градел „вреди за сите пари“ – тој уште во шестата минута од мечот постигна прекрасен гол од далечина, вреден 3 поени во група во која уште се и Алжир и Сиера Леоне, кои во првиот меч одиграа 1:1.