Ако не беше доволно што кариерата му е во постојана надолна линија, Хесе Родригез доби уште еден удар, овојпат од неговата девојка Аура Руиз, која даде „сочно“ интервју за шпанските медиуми.
Фудбалерот на ПСЖ беше ослободен од договорот по контроверзите кои се појавија за наводното мамење на Аура, но двајцата потоа се смирија и повторно се заедно. Сега, таа вели дека во спалната повеќе ги сака секс-играчки отколку својот партнер.
„Сакам да знаете дека го сакам Хесе. Тој е мој партнер и кога ќе простиш многу работи, забораваш. Поради нашата љубов сме заедно. Тој ме сака и го докажува тоа. Ги сакам секс-играчките и тој се вклучува и многу сме либерални. Понекогаш повеќе ги сакам играчките во спалната од него“, вели Аура.
Таа исто така најави дека во блиска иднина ќе објави секс-лента!
„Таа е снимена и комплетирана. Сакам луѓето да го видат тоа“, вели Аура.
Родригез беше фудбалер на Реал Мадрид од 2007 до 2016 година и голема надеж на „кралскиот клуб“, пред за 25 милиони евра да премине во Пари Сен-Жермен. Нефокусираноста и слабата форма ги примораа ПСЖ да го пратат на повеќе позајмици, најмногу во Стоук и во Спортинг Лисабон, пред да добие отказ од ПСЖ.
ПСЖ го отпуштија Хесе Родригез поради тоа што ја мамел својата партнерка!