Естеле Бергкамп, девојката на Дони ван де Бек можеби е клучната личност во очекуваната позајмица на фудбалерот на Манчестер јунајтед во Кристал палас, тврди британскиот „Дејли мејл“.
Естеле, секако, е ќерка на холандската фудбалска легенда Денис Бергкамп, кој наводно му се јавил на својот поранешен соиграч од Арсенал и менаџер на Кристал Палас, Патрик Виера за да му даде шанса на Ван де Бек, објаснува „Дејли мејл“. Дони и Естеле, инаку, го чекаат првото дете оваа година.
Според британскиот таблоид, Виера бил задоволен од својот состав без засилувања во текот на зимата, но се согласил да му даде шанса на Ван де Бек, кој исто како под Оле Гунар Солскјер, нема голема минутажа ниту под преодниот менаџер на Јунајтед, Ралф Рангник.