Top Sport

ДФБ куп: Баерн рутински со Шалке, продолжува сонот за четвртолигашот Сарбрикен (видео)

Баерн Минхен се пласираше во полуфиналето на германскиот ДФБ куп по минималната победа од 1:0 на гости кај Шалке, додека меѓу најдобрите четири ќе биде и четвртолигашот Сарбрикен, кој на пенали успеа да го елиминира тимот на Фортуна Диселдорф. Во другите две четврт-финалиња играат Баер Леверкузен-Унион Берлин и Ајнтрахт Франкфурт-Вердер Бремен.

Голот на Џошуа Кимих во 40. минута беше доволен за Баварците да влезат во полуфиналето на „Велтинс арената“, но многу поинтересно и понеизвесно беше во Сарбрикен, малото градче во близина на француската граница.

Сарбрикен, кој игра во Регионаллига Сидвест, дојде во водство во 31. минута преку Јанике, по што следува неверојатна завршница – во 83. минута е досуден пенал за гостите, но домашниот голман Бац го брани ударот на Хенингс, пред во 90-тата минута бундеслигашот да постигне гол преку Јоргенсен.

Пенал-серијата беше посебна приказна – по 10 серии и 20 упатени удари, Бац го одбрани ударот на Јоргенсен за неверојатен пласман во полуфиналето.

Scroll to Top