Top Sport

Во Шпанија ќе има „мини-Класико“ за влез во втората лига

Вчера во Шпанија заврши регуларната сезона во Примера федерасион, третата лига во шпанскиот фудбал, по кој тимовите на Ферол и Аморебиета влегоа во втората лига по победата во своите групи. Меѓутоа, далеку поголем интерес ќе предизвика плејофот, во кој ќе се судрат Реал Мадрид и Барселона.

Поточно, Реал Мадрид Кастилја и Барселона Атлетик – Реал Мадрид Б предводен од Раул Гонзалез заврши како трет во групата 1, додека Барса Б предводена од Рафа Маркез го освои четвртото место во група 2.

Полуфиналето ќе се игра во два меча – Барса се домаќини следниот викенд, а една недела подоцна Реал ќе биде домаќин. Победникот ќе игра со подобриот од двомечот Селта Виго Б-Елденсе во финалето. Реал Сосиедад Б, Алкоркон, Депортиво Ла Коруња и Кастелјон се во вториот дел од плејофот, и од овие четири екипи, една ќе влезе во втората лига.

Scroll to Top