Top Sport

Џејдон Санчо добил понуда од Саудиска Арабија

Клуб од Саудиска Арабија му понудил на Манчестер Јунајтед да го купи Џејдoн Санчо, тврди „Спорт Италија“. Трансферниот период се затвора денеска, давајќи им на „црвените ѓаволи“ малку време да одлучат што да прават.

Понудата доаѓа поради јавното незадоволство на Санчо кон менаџерот Ерик тен Хаг.

Тренерот изјави дека го оставил Англичанецот надвор од тимот за претходниот натпревар со Арсенал поради незадоволителен настап на тренинзите.

Сепак, самиот фудбалер подоцна одговори дека тоа не е вистина.

Манчестер Јунајтед плати 85 милиони евра за Санчо во летото 2021 година.

Scroll to Top