Top Sport

Каи Хаверц е најплатениот фудбалер на Арсенал

Германскиот фудбалер Каи Хаверц зема најголема плата во Арсенал, открија медиумите на Островот. Офанзивниот играч за врска кој пристигна од Челси заработува 14, 5 милиони фунти годишно.

По напорниот преоден рок ова лето, Арсенал сакаше да состави многу посилен тим од минатата година и да биде конкурентен на повеќе фронтови подолго време. Деклан Рајс, Хаверц и Јуриен Тимбер му се придружија на тимот со високи плати, додека Давид Раја пристигна на позајмица. И без изненадување, две од новите засилувања, Хаверц и Рајс, веднаш се најдоа на врвот на рангирањето со најскапи договори.

Каи Хаверц заработува 280.000 фунти неделно, а Габриел Жесус е вториот најплатен играч со 265.000 фунти. Деклан Рајс се согласи да потпише за Арсенал за седмична плата од 240.000 фунти, а Букајо Сака заработува 195.000 фунти во текот на седум дена.

 

Scroll to Top