Top Sport

Џон Тери се враќа во Челси

Поранешниот капитен на Челси, Џон Тери, се враќа во клубот и ќе работи во академијата на клубот, објави тој на Твитер.

Џон Тери до неодамна беше помошник на Дин Смит во Лестер, но неговиот договор не беше обновен откако „лисиците“ испаднаа од елитата. Тери (42) последен пат беше дел од лондончани во 2022 година кога беше советник на тренерите во академијата.

„Среќен сум што се враќам дома и работам во академијата, продолжувајќи ја мојата улога во клубот“, напиша Тери.

Поранешниот капитен на Англија е најуспешниот капитен на Челси во историјата на клубот со пет титули во Премиерлигата и триумф во Лигата на шампионите.

 

Scroll to Top