Top Sport

Слукас не се договори со Олимпијакос и ќе потпише за лутиот ривал Панатинаикос

Грчкиот кошаркар Костас Слукас ја крена на нозе јавноста во својата земја откако се договорил за трансфер во лутиот ривал Панатинаикос. Тој претходната сезона настапуваше за Олимпијакос, а бидејќи не успеа да се договори со челниците на тој клуб околу продолжување на соработката, постигна договор со – Панатинаикос.

„Газета“ од Грција пренесува дека тој ќе потпише тригодишен договор вреден 9 милиони евра.

Во минатото сепак имало многу кошаркари кои настапувале за двата клуба, меѓу нив и најголемите ѕвезди на грчката кошарка како Василис Спанулис и Јанис Бурусис.

Scroll to Top