Еузебио ди Франческо вели дека му е потребна уште една „голема“ европска ноќ на „Стадио Олимпико“ за Рома да се најде каде што треба, во финалето на Лигата на шампионите.
„Волчицата“ е во полуфиналето од ЛШ поради спектакуларната 3:0 победа над Барселона откако го загубија првиот меч со 4:1, и сега им е потребен ист триумф над Ливерпул по „катастрофата“ во Англија и поразот од 5:2.
„На компјутер, би сакал да направам ’копи-пејст’ од перформансите против Барселона. Да се натпреваруваме со Ливерпул мораме да го кренеме нивото и квалитетот на нашата игра. Мораме да имаме способност да постигнеме брз гол, за да ја возбудиме публиката. Играме против целосно поинаков тим од Барселона од тактичка смисла – тоа е во нивниот менталитет, тие играат со помалку кратки додавања и се подиректни што менува многу кај тактиката. Мотивацијата остаснува иста“, вели популарниот ЕДФ.
Ливерпул последен пат дојде во Рим за финалето на Европскиот куп во 1984, кога ја победи Рома на пенали, и Ди Франческо вели дека е добро што и овие имиња се враќаат во елитата на европскиот фудбал.
„Помина многу време, и тоа се чувствуваѓе во срцето на навивачите. Тоа беше друг фудбал, друга ера“, додава Ди Франческо.
Фото: ЕПА