Top Sport

Ди Франческо ќе му се приклучи на Мончи во Севилја?

Поранешниот тренер на Рома, Еузебио ди Франческо е многу блиску до „обединување“ со стариот соработник Мончи во Севилја, тврди „Кориере дело спорт“.

Според италијанскиот весник, Ди Франческо веќе бил во посета на главниот град на Андалузија, каде што присуствувал на градското дерби меѓу Севилја и Реал Бетис и се сретнал со Мончи, со кого соработуваше во Рома.

Мончи беше спортски директор додека Ди Франческо беше главен тренер на „волчицата“ од 2017 до 2019 година, но двајцата си заминаа по фијаското во Лигата на шампионите и елиминацијата од Порто минатиот месец.

Сепак, според „Мундо депортиво“, Хоакин Капарос е главниот фаворит да остане на клупата на Севилја, но само ако успее да ги пласира во Лигата на шампионите. Минатата сезона, Севилја имаше италијански тренер, но Винченцо Монтела беше отпуштен пред крајот на сезоната.

Scroll to Top