Top Sport

Ди Канио: Рома го донесе најлошиот тренер

Контроверзниот Паоло Ди Канио, го коментирал потегот на Рома, да го ангажира Жозе Мурињо. Ди Канио, кој работи како стручен коментатор за „Скај спорт Италија“, смета дека челниците на Рома направиле голема грешка кога потпишале договор со Португалецот.

„Го донесовте најлошото од најлошото. Разбирам дека сега ви треба големо име, но тоа е исто како да донесете играч кој ја завршил својата кариера. Мурињо само сака работа со добра плата. Во последните четири години тој три пати добиваше откази од клубовите во кои работеше “, рекол Ди Канио и продолжил.

“Полош тренер не можевте да најдете. Тотенхем му ги удрија клоците поради очајните резултати, и поради тоа што тој ништо не направи, а потроши многу пари. Со оглед на ситуацијата во Рома, може и да му биде добро. Но, јас ти велам, го донесовте најлошиот од најлошите. Тој е готов. Неговите тимови не играат фудбал, туку анти-фудбал. Можеби ќе уживате во прес-конференциите, бидејќи тој сака да биде во центарот на вниманието, но тоа е тоа. Сакате да направите реконструкција, а го донесовте најлошиот тренер. Ова го зборувам, иако пред седум години беше мој омилен тренер, помил и од Гвардиола, но последните години сум разочаран од него“.

Scroll to Top