Top Sport

Дебакл на Финикс, Јута го декласира Сан Антонио, нов трипл-дабл на Вестбрук

Јута Џез се вратија на лидерската позиција во Западната конференција во НБА лигата. Изминатата ноќ Јута ги победи Сан Антонио 126:94, додека нивните главни конкуренти Финикс Санс беа убедливо поразени од Атланта Хокс 135:103. Ноќта во НБА лигата ја обележа Расел Вестбрук кој го забележа 179 трипл-дабл во кариерата.

Јута Џез, без Донован Мичел и Мајк Конли, лесно се спреави со Сан Антонио. До победата 126:94, Џезерите ги предводеа Џордан Кларксон со 30 и Бојан Богдановиќ со 24 поени. Кај Спарс најефикасен беше младиот Хрват, Лука Шаманиќ со 15 поени.

Финикс немаа никави шанси во дуелот со Атланта. Хокси славеа со 135:103. Клинт Капела забележа 18 поени и 10 скока, а тројца играчи (Богдан Богдановиќ, Тре Јанг и Данило Галинари) уфрлија по 16 поени.

Финикс сега имаат скор од 47 победи и 19 порази, една победа помалку од лидерот на Западот, Јута.

Милвоки Бакс со 135:134 ги поведија вашингтон Визардс. Петмина играчи на Милвоки постигнаа двоцифрен број на поени. Најефикасни беа Џру Холидеј со 29 и Јанис Адетокумбо со 23 поени, девет скока и осум асистенции.

Вашингтон го предводеа Бредли Бил со 42 поени и Расел Вестбрук со 29 поени, 12 скокови и 17 асистенции. Вестбрук со 33 трипл-дабл во сезоната, дојде до бројката од 179 во кариерата. Два натпревари со ваков учинок го делат од рекордерот Оскар Робертсон.

Scroll to Top