Новиот селектор на репрезентацијата на Италија, Лучијано Спалети, ќе му ја даде капитенската лентата на еден од своите поранешни фудбалери. Џовани Ди Лоренцо од Наполи ќе биде нов капитен на „аѕурите“, наследувајќи го Леонардо Бонучи.
Легендарниот дефанзивец откако е вишок во Јувентус, најверојатно ќе го загуби местото и во националниот тим.
Ди Лоренцо ја носи лентата и во Наполи, каде минатата сезона ја крена титулата во Серија А по 33-годишна пауза.
Италија на 9.септември ќе гостува во Скопје на квалификациски натпревар против Македонија за ЕВРО 2024.