Top Sport

(ВИДЕО) Роналдо има нов начин на прослава на головите

Ал-Наср го победи Ал-Шабаб со 4:0 во четвртото коло од саудискиот шампионат, а Кристијано Роналдо го одбележа натпреварот.

38-годишната португалска суперѕвезда постигна два гола и асистираше, а реши да смисли нова прослава на гол и нема сомнеж дека во наредните денови многумина ширум светот ќе сакаат да ја копираат.

Неговата прослава со легендарното „Сиуу“, сега доби наследник. тој одлучи да прослави со танцот „Ардах“, кој е еден од фолклорните танци во Саудиска Арабија.

Scroll to Top