Top Sport

Ди Марија доби уште една година од ПСЖ

Анхел ди Марија го продолжи договорот со Пари Сен-Жермен на уште една година, со опција за уште 12 месеци, потврди францускиот шампион.

Со новиот договор Ди Марија останува во Париз барем до 2022 година, каде што пристигна по една разочарувачка сезона со Манчестер јунајтед. Во ПСЖ тој стана клучен човек во нападот на клубот, освојувајќи дури 16 трофеи со клубот, од кои четири во Лига 1.

Ди Марија има вкупно 248 настапи за ПСЖ, 87 гола и 99 асистенции, со што по бројот на асистенции е втор во историјата на клубот, веднаш зад 103-те на Сафет Сушиќ.

Scroll to Top