Top Sport

Ди Марија, Мбапе и Икарди донесоа победа за ПСЖ (видео)

Пари Сен-Жермен, благодарение на своето опасно напаѓачко трио, стигна до убедлива 4:1 победа на гостувањето кај Ница во првиот меч од 10. коло во Лига 1, за да се зацврстат на првото место на табелата.

Анхел ди Марија со два гола во 15. и 21. минута најави лесна победа на тимот на Томас Тухел, но домаќините во 67. минута успеаја да намалат на 1:2 преку Камерунецот Игнатиус Ганаго.

Наместо возбудлив финиш, Ница доби два црвени картони за три минути за да дозволи ПСЖ да ги „сотре“ во финишот. Вилан Сиприен доби втор жолт картон во 74. минута, за во 77. минута, Криштоф Херел да добие директен црвен картон.

Килијан Мбапе, кој влезе во игра во 83. минута, веднаш направи „лом“ во одбраната на Ница – во 88. минута успеа да постигне гол, а во 91. минута му асистираше на Мауро Икарди за конечни 1:4.

Scroll to Top