Top Sport

Барселона остана „совршена“, Зенит со голема победа над Олимпијакос

Барселона одигра одлично второ полувреме, за да стигне до третата победа во третото коло на Евролигата, овојпат со убедливи 103:84 над Алба Берлин.

Откако денот во Каталонија беше одбележан со масовните протести за независност на оваа шпанска провинција и со одложувањето на фудбалското „Ел класико“ помеѓу Барса и Реал Мадрид за декември, немаше разговор за одложување на мечот од Евролигата.

Кори Хигинс беше најзаслужен за победата со 22 поени, 3 скока и 2 асистенции, додека Никола Миротиќ додаде 18 поени. Алба поведе со 25:19 на крајот на првата четвртина, но во второто полувреме Барса беше во топ-форма.

Во Пиреја пак, рускиот Зенит Санкт Петербург ја освои својата прва евролигашка победа во историјата, шокирајќи го Олимпијакос со 77:68 по продолженијата. Матеуш Понитка имаше 18  поени за Зенит и ја постигна клучната тројка за 67:73 на 80 секунди пред крајот на мечот. Кевин Пантер имаше 16 поени, а Никола Милутинов 16 за домаќините.

ЕВРОЛИГА, 3.КОЛО

Олимпијакос – Зенит Санкт Петербург 68:77 (19:20, 17:18, 11:15, 17:11, 4:13)

Барселона – Алба Берлин 103:84 (19:25, 27:19, 26:17, 31:23)

Валенсија – Анадолу Ефес 78:83 (27:23, 19:16, 17:30, 15:14)

Scroll to Top