Top Sport

Батистута повторно на операција: Ги молев лекарите да ми ги ампутираат нозете

Аргентинската фудбалска легенда, Габриел Батистута открива дека ги молел лекарите да му ги ампутираат нозете по големите проблеми со повредите добиени на фудбалскиот терен од пензионирањето во 2005.

Иконата на Фиорентина, кој во 17-годишната кариера постигна над 350 голови, сега отиде на нова операција на скочниот зглоб по која како што самиот вели ќе може да оди како „нормална личност“.

Тој додава дека многу пензионирани фудбалери имаат слични проблеми и ја опишува својата агонија.

„Плачев од болка и го молев лекарот да ми ги ампутира нозете. Чувствував болка, болка и уште повеќе болка. Операцијата беше решение кое го барав шест-седум години. За 40 дена, кога ќе го извадам гипсот, ќе знаеме дали болката конечно ќе ја снема и конечно ќе можам да одам како нормална личност“, вели тој во интервју за „Кориере дела сера“.

Батистута, кој во кариерата играше и во Њуел олд бојс, Ривер Плата, Бока јуниорс, Рома, Интер и Ал-Араби, вели дека ја дознал вистинската штета на скочните зглобови веднаш по пензионирањето.

„Кога престанав со фудбалот, дознав дека зглобовите ми се парче. Коска на коска, а имав 86-87 килограми. Најмалото движење стана агонија. Имав исти проблеми како Марко ван Бастен, кој за среќа се повлече на 28 години. Некои денови не можев да станам од кревет. Плачев од бес и знаев дека не можам да продолжам така. Го молев лекарот да ми ги исече нозете, му велев дека ова веќе не е живот“, објаснува Батистута.

ТОП голгетери – Габриел Батистута-Батигол!

Scroll to Top