Top Sport

Ди Марија: Меси не расплака сите со говорот на Копа Америка

Анхел ди Марија открива дека Лионел Меси им оддржал говор на своите соиграчи од аргентинската репрезентација по поразот од Бразил на Копа Америка по кој „сите биле во солзи“.

Аргентина загуби со 2:0 во полуфиналето во Бело Хоризонте, по што Аргентинците мораа да се задоволат со третото место (по победата над Чиле) и да го продолжат чекањето на голема титула од Копа во 1993 година, што значи дека Ди Марија и Меси немаат ниту еден репрезентативен трофеј.

Сепак, напаѓачот на Пари Сен-Жермен открива дека Меси, кој беше капитен на тимот, го инспирирал тимот со својот говор.

„Меси кажа некои прекрасни зборови кога бевме елиминирани од Бразил. Ни кажа дека е горд на нас и на тимот кој го изградивме. Иако не сме често со репрезентацијата, чувствувавме како да сме заедно со години. Кажа дека сите одиме во ист правец од истиот ден и дека е горд на младите фудбалери за нивната посветеност. Кога заврши, сите бевме во солзи, бидејќи не допре сите, а посебно младите фудбалери. Имаше критики дека не ја пеел химната, дека не зборувал. Но, тој им докажа на сите. Лео е таков“, вели Ди Марија.

Scroll to Top