Top Sport

Реприза! Мечот Дуделанж-Карабаг прекинат поради дрон со ерменско знаме! (видео)

Мечот од Лига Европа на стадионот „Жози Бартел“ во Луксембург беше прекинат, откако над теренот се појави дрон со ерменско знаме, провокација кон азербејџанскиот тим налик на дронот со „голема Албанија“ од мечот Србија-Албанија во 2014 година.

Азербејџан и Ерменија во 1990-тите водеа војна околу областа Нагорно Карабах, која припаѓа на Азербејџан, но сега е под ерменска окупација.

Фудбалерите се обидуваа со топката да го соборат дронот, а гостинските фудбалери се повлекоа до трибината каде што беа нивните навивачи.

Scroll to Top