Аргентинскиот интернационалец Анхел Ди Марија е блиску до нов договор со Јувентус. Преговорите меѓу двете страни се во напредна фаза и речиси е сигурно дека аргентинскиот крилен напаѓач ќе остане во клубот од Торино и следната сезона, откриваат медиумите на Апенините.
Желбата на фудбалерот е да продолжи да го носи тимот на Јувентус, без оглед на информациите дека постои опција да се врати во Шпанија и да потпише со Атлетико Мадрид.
Светскиот шампион со Аргентина најверојатно ќе го продолжи договорот со Јувентус до летото 2024 година. Во тековната сезона има одиграно 24 натпревари и осум гола во Серија А, а забележа и седум асистенции.