Top Sport

Ди Марија се враќа за дваесетина дена

Фудбалерот на Јувентус, Анхел ди Марија, ќе отсуствува од терените околу 20 дена поради повреда на тетивата, соопшти денеска италијанскиот клуб. Од прегледите било откриено дека се работи за мало оштетување на тетивата на десната натколеница и дека на фудбалерот ќе му требаат околу 20 дена да се опорави.

Ди Марија се повреди во вторникот на натпреварот против Макаби Хаифа (0:2) во Лигата на шампионите. Се очекува да се опорави навреме и да биде во составот за Светското првенство во Катар кое започнува на 20 ноември.

Аргентина ќе игра во групата Ц со Саудиска Арабија, Мексико и со Полска.

Scroll to Top