Top Sport

Ди Марија со хет-трик за Јуве во Франција, Партизан со „фијаско“ против Шериф

Јувентус со импресивна гостинска победа го надмина лошиот резултат во првиот меч и го поминаа баражот во Лига Европа, додека во третолигашкото европско натпреварување, Конференциската лига, Партизан успеа дома да биде елиминиран од Шериф Тираспол, додека Лацио издржа на гости  кај ЦФР Клуж во Романија за пласман во осминафиналето.

Јувентус беше критикуван по домашните 1:1 против „канаринците“, но во Франција стигна до брзо водство за да ја осигура гостинската победа. Анхел ди Марија по само пет минути игра постигна прекрасен гол за водство, за во 14. минута по една мешаница во домашниот шестнаесетник, дефанзивецот Никола Палоа доби црвен картон за играње со рака, за Ди Марија да го удвои водството од белата точка. Совршениот меч за Ди Марија беше комплетиран во 78. минута со неговиот трет гол.

Многу понеизвесно беше на „Луј Втори“ во Монако, каде што Баер Леверкузен не го заддржа водството и  иако победи со 2:3, ќе игра продолженија против францускиот тим. Флоријан Вирц донесе предност за „фармацевтите“ по 13 минути игра, но Монако израмни со гол од пенал на Висам Бен Једер во 19. минута. Езекиел Паласиос пак донесе водство за гостите само две минути подоцна, за Амин Адли во 58. минута да зголеми на 1:3, пред Брил Емболо да осигура продолженија во 83. минута од мечот.

Во Белград, Партизан беше во совршена позиција да обезбеди осминафинале на Конференциската лига по 1:0 победата на гости во Молдавија, но Шериф обезбеди 3:1 победа за изненадувачки пласман.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

ЛИГА ЕВРОПА, БАРАЖ
Митјиланд – Спортинг Лисабон 0:4, прв меч 1:1, вкупно 1:5
Монако – Баер Леверкузен 2:3, прв меч 3:2, вкупно 5:5, 3:5 пенали
Нант – Јувентус 0:3, прв меч 1:1, вкупно 1:4
ПСВ Ајндховен – Севилја 2:0, прв меч 0:3, вкупно 2:3
Манчестер јунајтед – Барселона 21.00 ч., прв меч 2:2
Рома – Ред бул Салцбург 21.00 ч., прв меч 0:1
Рен – Шахтјор Доњецк 21.00 ч., прв меч 1:2
Унион Берлин – Ајакс 21.00 ч., прв меч 0:0

КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА ЕВРОПА, 1/16 ФИНАЛЕ
Андерлехт – Лудогорец 2:1, прв меч 0:1, вкупно 2:2, 3:0 пенали
ЦФР Клуж – Лацио 0:0, прв меч 0:1, вкупно 0:1
Днипро-1 – АЕК Ларнака 0:0, прв меч 0:1, вкупно 0:1
Партизан – Шериф Тираспол 1:3, прв меч 1:0, вкупно 2:3
Базел – Трабзонспор 21.00 ч., прв меч 0:1
Фиорентина – Брата 21.00 ч., прв меч 4:0
Гент – Карабаг 21.00 ч., прв меч 0:1
Лех Познањ – Бодо/Глимт 21.00 ч., прв меч 0:0

Scroll to Top