Top Sport

ПСЖ импресивни во Полска, се зацврстија на првото место

Пари Сен-Жермен се квалификуваше во четврт-финалето на Лигата на шампионите, откако на гостувањето кај Висла Плоцк стигнаа до импресивна 32:26 (15:14) победа за зацврстување на првото место во групата А.

Домаќините успеаја да пружат отпор во првото полувреме, дозволувајќи само гол предност на француските фаворити, но во второто полувреме, тимот на Раул Гонзалес ја покажа силата и стигна до убедлива победа.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ГРУПА А
Динамо Букурешт – ГОГ 30:27 (14:13)
Веспрем – Порто 32:30 (15:14)
Висла Плоцк – Пари Сен-Жермен 26:32 (14:15)

Scroll to Top