Top Sport

Ди Си јунајтед го потврдија Руни како нивни нов тренер

Американскиот МЛС клуб, Ди Си јунајтед потврди дека Вејн Руни е нивниот нов тренер, потег со кој легендата на Манчестер јунајтед и на англискиот фудбал оди чекор понапред во својата кариера како тренер.

Руни претхоно беше фудбалер на Ди Си од 2018 до 2019 година, пред да се врати во Англија во Дерби каунти, прво како фудбалер, а потоа и како менаџер. Тој успеа да ги заддржи Дерби во Чемпионшип во првата сезона, пред поради финансиските проблеми и одземањето на 21 поени да испаднат во трет лига.

„Вејн е фудбалска легенда и еден од најмладите и најдинамичните млади тренери во нашиот спорт. Тој веќе ги покажа своите квалитети и знае како да води тим во тешки моменти“, велат ко-претседателите на клубот, Џејсон Левин и Стив Каплан.

Scroll to Top