Top Sport

Дибала е сè поблиску до Манчестер јунајтед

Шансите Пауло Дибала да заврши на „Олд Трафорд“ се зголемени, откако францускиот печат тврди дека Аргентинецот е многу блиску до заминување од Јувентус.

Во неделата „Калчомеркато“ објави дека Јунајтед подолго време го следуваат Дибала, додека британскиот „Сан“ објави дека Јувентус ќе прифатат понуда од нешто помалку од 100 милиони евра. Сега, „РМЦ Спорт“ тврди дека Оле Гунар Солскјер го „пикирал“ Дибала како првата цел во летниот преоден рок и дека наскоро ќе се отворат и „официјални“ преговори за трансферот.

25-годишниот Аргентинец се најде во незавидна положба по доаѓањето на Кристијано Роналдо кај „старата дама“, со што се скуси неговиот простор за постигнување голови и тој беше само поддршка на Португалецот. Во исто време, се верува дека Јуве се подготвени да тргнат кон ѕвездата на Бенфика, Жоао Феликс, за околу 100-тина милиони евра, така што се подготвени да го дадат Дибала за да се обезбедат финансиите за овој трансфер.

Scroll to Top