Top Sport

Касилјас призна: Не знам што носи иднината

Поранешниот капитен на Реал Мадрид, голманот на Порто, Икер Касилјас излезе од болницата во Португалија по срцевиот напад кој го доби на тренинг минатата среда.

Шпанецот се заблагодари на медицинскиот тим и на илјадниците фанови кои му пратија пораки за побрзо опоравување, но призна дека не знае дали ќе може да се врати на фудбалот.

„Благодарен сум бидејќи имав многу среќа. Би сакал да се заблагодарам за целата поддршка која ме направи да се чувствувам сакан и почитувам. Во вакви моменти треба да си насмеан, и бев среќен од тоа што видов колку луѓе мислеа на мене. Би сакал да се заблагодарам на луѓето во болницата и докторот Нелсон кој ми помогна да кја добијам оваа битка. Времето сега е најважно и не ми е многу грижа дали ќе бидат потребни неколку недели или неколку месеци за опоравување. Никој не знае што носи иднината, но најважно е што сум жив“, изјави Касилјас.

Scroll to Top