Top Sport

Олдриџ: Суарез се однесуваше како „стаорец“, на „Енфилд“ ќе го чека пекол

Луис Суарез се однесувал како „стаорец“ во мечот Барселона-Ливерпул, вели поранешниот фудбалер на „црвените“, Џон Олдриџ, и најави дека Уругваецот ќе го чека „пекол“ на враќањето на стадионот каде што играше.

Иако беше миленик на „Енфилд“, Суарез и пред мечот со Ливерпул најави дека ќе прославува доколку постигне гол и тоа го оствари при 3:0 победата во Барселона. Олдриџ вели дека нема проблем што ги покажал емоциите, но смета дека човек со толку длабоки врски со Ливерпул требал да покаже поголемо почитување во другите делови од играта.

„Суарез се однесуваше како стаорец во полуфиналето и тоа не беше во ред. Немам проблем што ќе прославува гол против Ливерпул, бидејќи тоа што го носел црвениот дрес не значи дека треба да се воздржува. Но, другите работи не беа воред. Тој се внесуваше во лицата на фудбалерите на Ливерпул, паѓаше кога некој ќе дојдеше до него и се обидуваше да извлече жолт картон во секоја шанса. Знаеме дека се работи за човек кој би ја прегазил сопствената баба да постигне гол, но секој мора да има почит за тоа што бил во минатото. Да бев на местото на Ливерпул ќе направев план да добие црвен картон. Знаеме дека има ’краток фитил’, така што треба да ја играат неговата игра“, вели Олдриџ.

Со него се согласува и Фил Томпсон, поранешниот дефанзивец на Ливерпул, кој најави „пекол“ за Уругваецот на „Енфилд“.

„Мора да одат на него со уличен стил. Луис Суарез повторно покажа дека е тоа што сите мислат за него. Се надевам дека фановите на Ливерпул, но и фудбалерите ќе го натераат да направи нешто расипано“, вели Томпсон.

Scroll to Top