Рома на Жозе Мурињо се пласираше во четврт-финалето на Копа Италија, откако на „Олимпико“ стигнаа до минимална 1:0 победа над најстариот италијански клуб, второлигашот Џенова.
Човек на одлука бшее Пауло Дибала, освојувачот на светското злато со Аргентина, кој доби посебна почест пред стартот на мечот, кој во 64. минута од мечот успеа да го скрши отпорот на Џенова со прекрасен соло гол.
Во четврт-финалето, Рома ќе го пречека подобриот од дуелот помеѓу Наполи и Кремонезе.
Dybala quel talent gâche quand même. pic.twitter.com/sqiT0VF0yQ
— „ (@RoiEkitike) January 12, 2023