Top Sport

Дибала го пропушта СП во Катар?

Напаѓачот на Рома и аргентински репрезентативец Пауло Дибала заработи повреда на натпреварот против Лече во Серија А. Дибала се повреди во 48.минута, во моментот кога успешно реализираше пенал. Веднаш потоа тој го напушти теренот.

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо изјави дека Дибала „многу веројатно нема да игра до крајот на годината“.

„Лошо е, да не речам многу, многу лошо… Веќе разговаравме. Мислам дека нема да се врати пред крајот на годината“, откри Мурињо.

Ова автоматски би требало да значи дека Дибала нема да настапи на претстојниот Мундијал каде Аргентина има тим способен да ја освои титулата.

Дибала има долга историја на повреди, поради што Јувентус не сакаше да ги исполни неговите финансиски барања и му дозволи како слободен играч да го напушти клубот.

Scroll to Top