Top Sport

Расел апсолутен рекордер во АБА лигата

Дарон Расел од екипата на Морнар ги обележа првите две рунди во АБА лигата. 24. годишниот Американец, во првите две рунди вкупно постигна 88 поени.

Морнар, синоќа славеше победа над Задар 100:91, Расел постигна 47 поени. Во првото коло во триумфот над Игокеа забележа 41 поен.

Расел урна два рекорди во АБА лигата.

Тој го подобри рекордот на Милан Гуровиќ од сезоната 2006/2007, кој постигна 70+ поени во првите два натпревари. Исто така, Расел постигна најмногу поени на еден натпревар во регионалната лига.

Минатата сезона, неговиот соиграч Владимир Михаиловиќ постигна 46 поени.

Scroll to Top