Иако претходно беше објавено дека ја победиле болеста, ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала и неговата девојка Оријана Сабатини повторно се позитивни на корона вирусот.
„На 21 март направивме тест на корона вирусот и бевме позитивни. Пред три дена имавме негативен тест, но потоа направивме уште два теста, од кои едниот беше негативен, а вториот позитивен. И понатаму сме заразени и навистина не сфаќам како функционира ова“, објави Сабатини.
Дибала се зарази со корона вирусот од својот соиграч, дефанзивецот Даниеле Ругани, а позитивен беше и уште еден соиграч од Јувентус, Блез Матуиди. Аргентинецот на крајот на март зборуваше за борбата со корона вирусот и проблемите кои ги имал.