Top Sport

Дибала како слободен играч ќе замине од Јувентус

Јувентус по завршувањето на сезоната ќе остане без својот најдобар играч, Паоло Дибала. Аргентинските медиуми тврдат дека фудбалерот ги прекинал преговорите околу новиот договор. Неговата намера била, по завршувањето на сезоната, како слободен играч да го напушти Торино.

Јувентус и Дибала не можат да се договорат околу годишната плата. Фудбалерот и неговиот менаџер побарале 10.000.000 евра, плус одредени бонуси, додека клубот нуди 7.000.000 евра и 3.000.000 евра преку разни бонуси.

Дибала и неговиот менаџер ја одбиле оваа понуда.

Аргентинецот, во 2015 година од Палермо пристигна во Јувентус. Клубот за неговиот трансфер издвои 41.000.000 евра. Претходно Палермо за него на Институо им платија 12.000.000 евра.

Досега, Дибала има одиграно 273 натпревар, на кои постигнал 109 голови. Сезонава, на 20 натпревари има учлинок од девет гола и пет асистенции, според водечките луѓе во клубот, овој учинок е премногу мал за некој што бара 10.000.000 евра годишна плата.

Scroll to Top