Top Sport

Поразот од Реал е чекор напред за Барселона

Барселона испадна во полу-финалето, во Суперкупот на Шпанија. „Блауграна“, во драматичен меч во Ријад, потклекна пред најголемиот ривал, Реал, во продолженијата. „Кралскиот клуб“ победи со 3:2.

Барселона, два пати, се враќаше во натпреварот, прво Лук Де Јонг ја поништи предноста на Редал од 1:0, а потоа Ансу Фати на осум минути до крајот на регуларниот дел израмни на 2:2.

Тимот на Чави, немаше сили да се врати по голот на Феде Валверде во 98.минута.

„Чувствата се измешани. Од една страна бевме блиску до победата и доминиравме во одредени периоди, но не успеавме да победиме. Засега недостига искуство и одговорност. Сепак ова е чекор напред за нас“, рекол Чави.

Scroll to Top