Top Sport

Преговорите пропаднаа – Фиорентина се откажа од Влаховиќ

Фиорентина и претседателот Роко Комисо кренаа раце од српскиот напаѓач, Душан Влаховиќ. 21-годишникот и неговиот менаџер ги одбиле сите понуди што ги добиле од Комисо за продолжување на договорот.

Првиот човек на „виолетовите“, на Влаховиќ му го понудил најголемиот договор во историјата на клуб – 40 милиони евра бруто плата во наредните пет години.

„Ќе откријам дека му ја понудивме најголемата плата во историјата на Фиорентина. Му понудивме услови какви што никогаш не им биле понудени на Габриел Батистута и Риу Кошта“, рекол Коисо и потсетил дека договорот на фудбалерот истекува на 30.јуни 2023 година.

„Во секој случај, Влаховиќ е наш уште 21 месец. Сигурни сме дека фудбалерот, како што и секогаш тоа го правеше, ќе даде полн придонес да му помогне на тимот да ги оствари целите, дека ќе продолжи да го покажува професионализмот како што тоа го прави од првиот ден кога дојде во Фиорентина“.

Во летниот преоден рок Фиорентина одби 70.000.000 евра од Атлетико Мадрид и некое милионче помалку од Тотенхем за услугите на Влаховиќ.

Италијанските медиуми тврдат дека фудбалерот сака трансфер во Јувентус. Бидејќи неговиот договор истекува во 2023 година, Фиорентина ќе мора да го продаде наредното лето, додека медиумите шпекулираат дека трансферот може да се случи и во зимскиот преоден рок.

Scroll to Top