Пауло Дибала уште еднаш ја повтори желбата повторно да биде колега со Пол Погба и заедно да „споделат големи работи“ со Јувентус.
Аргентинецот помина една сезона со Погба, пред Французинот да се врати во Манчестер јунајтед во 2016 година, но очигледно чувствува поврзаност со фудбалерот од средниот ред, кој последните две години ги полни насловните страници со шпекулации за трансфер во Реал Мадрид или Јувентус.
Покажувајќи ја колекцијата на дресови за УЕФА, Дибала посочи дека имал фантастична соработка со Погба кога наиде на дресот на Французинот од 1:0 победата на Јувентус над Манчестер јунајтед во 2018.
„Секако, овој дрес не можам да го заобиколам. Таа од Манчестер, од мојот пријател Пол, кого го почитувам како личност повеќе отколку како фудбалер. Имав шанса да споделам големи работи со него во Јувентус и се надевам дека ќе го повториме тоа еднаш“, вели Дибала.
#Dybala: "Da Iniesta a #Pogba, ecco le mie maglie" https://t.co/xmVbeAZ79y
— JuventusConnect (@JuveConnect) May 7, 2020