Паоло Дибала во моментов е единствениот играч во светот која ја дели соблекувалната со Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Дибала е соиграч во Јувентус со Роналдо, а во репрезентацијата на Аргентина со Меси.
Во интервју за „Гардијан“, Дибала открил како е да се биде соиграч со фудбалерите кои обележаа повеќе од една деценија од фудбалската историја. Сепак на едно прашање не сакал да даде одговор.
„Луѓето го гледаат само врвот на ледениот брег, не гледаат што се случува зад него. Не ги освоиле сите тие трофеи само поради тоа што имале среќа. Знам дека луѓето ќе ми поставуваат такви прашања…Кој е подобар? На то прашање не можам да ви одговорам“, рекол Дибала.