Top Sport

Тандер броеја до 140, доминантни партии на Вестбрук, Вокер, Јокиќ (Видео)

Изминатата ноќ во НБА лигата ја обележаа неколку брилијантни индивидуални настапи и доминантната тимска претстава на Оклахома сити Тандер.

Оклахома го декласираа тимот на Атланта Хокс со 140:111. Седуммина играчи во победничкиот тим постигнаа двоцифрен број на поени.

Најефикасен беше Данило Галинари со 25 поени, еден помалку постигна Шај Гилџус-Александер. Хоукс ги предводеа Џејсон Колинс со 28 поени, односно Треј јанг со 26 поени и 16 асистенции.

Хјустон ја надиграа Минесота со 131:124 благодарение на Расел Вестбрук. Рас мечот го заврши со 45 поени, шест скока и 10 асистенции. Тој го „избриша“ лошиот меч што го одигра Џејмс Харден кој погоди само три од 13 обид од поле.

Кај Минесота најдобри беа Карл Ентони Таунс со 30 поени и 12 скока, односно Ендру Вигинс со 28 поени.

Никола Јокиќ го предводеше Денвер до победата во Њу Орлеанс 113:106. Во отсуство на неколкумина играчи српскиот центар целосно ја презеде одговорноста и со 27 поени, 12 скока, седум асистенции и четири украден топки ги предводеше Нагетс до победата.

Бостон Селтикс славеа победа кај Орландо Меџик 109:98. Блескаше Кемба Вокер со 37 поени, а на спротивната страна се истакна Еван Фурние со 30 поени.

Резултати:

Шарлот-Милвоки 103:116
Детроит-Мемфис 112:125
Орландо-Бостон 98:109
Њујорк-Торонто 112:118
Чикаго-Сакраменто 81:98
Њу Орлеанс-Денвер 106:113
Оклахома-Атланта 140:111
Мајами-ЛА Клиперс 117:122
Минесота-Хјустон 124:131
Сан Антонио-Финикс 99:103
Голден стејт-Индијана 118:129

Scroll to Top