Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала инсистира дека во ниту еден момент не го навредил Жозе Мурињо за да предизвика такво славење на менаџерот на Манчестер јунајтед по победата во средата.
Јунајтед постигна два доцни гола за 2:1 победа во Торино, по што Мурињо ги провоцираше навивачите на Јуве (кои секако, скандираа против него цел натпревар), и влезе во разговор со Дибала и со Леонардо Бонучи.
„Само му кажав дека нема потреба да прави такви гестови. Немаше потреба да се крева тензијата, понекогаш те навредуваат и тоа е лошо, но така ја правиш ситуацијата полоша. Немаше потреба бидејќи ние не го навредивме. Само му го кажав тоа и си заминав“, вели Дибала.
Мурињо не можеше да се „насити“ и ги провоцираше навивачите и Бонучи (видео)