Top Sport

Дибала се договорил со Интер

Интер е се поблиску до склучување договор со Пол Дибал, пишува „Газета дело Спорт“. Договорот на Дибала истекува на 30.јуни и тој како слободен играч ќе си замине од Торино.

За 28-годишниот Аргентинец се заинтересирани клубови како Атлетико Мадрид, Манчестер јунајтед и Тотенхем, но „Газета дело Спорт“ истакнува дека фудбалерот ќе ја продолжи кариерата во Интер.

Последниот состанок наводно бил одржан минатата недела, а Газета потенцира дека Дибала чувствувал дека е предаден од Јуве и дека не сака да ја напушти Италија.

„Дибала имаше годишна плата од седум милиони евра во Јуве. Интер му нуди помалку – шест милиони со бонуси – но и централна улога во проектот на тренерот Симоне Инзаги. Раководството на клубот од Милано мора да обезбеди пари пред да излезе со конкретна понуда. но изгледа како Дибала е решен да потпише како слободен агент“, објави „Газета дело Спорт“.

Парите за платата на Дибала Интер ќе ги обезбеди со заминувањето на Артуро Видал, Матијас Весино, Алексис Санчез и Стефан де Фрај.

„Дибала ќе биде еден од најплатените играчи во Интер, заедно со Марсел Брозовиќ и Лаутар Мартинез“, заклучува „Газета дело Спорт“.

Scroll to Top