Top Sport

Дибала со два гола ги крена Рома на првото место, Интер без мака со Кремонезе

Рома и Интер стигнаа до релативно лесни победи над новите прволигаши Монца, односно Кремонезе во четвртото коло од Серија А. Пауло Дибала со два гола ги предводеше Рома за 3:0 победа над Монца, додека Интер и без повредениот Ромелу Лукаку стигна до 3:1 триумф над Кремонезе.

Дибала постигна прекрасен гол во 18. минута по асистенција на Теми Ејбрахам, за да го удвои водството во 32. минута на воодушевување на тифозите на „волчицата“. Ибањез ја комплетираше победата на Рома во 61. минута за да трета победа во првите четири кола и прво место на табелата со 10 поени.

На „Сан Сиро“, пак, Хоакин Кореа во 12. минута го отвори резултатот, Никола Барела во 38. минута зголеми на 2:0, за потоа во 76. минута да му асистира на Лаутаро Мартинез за 3:0, пред Дејвид Окереке да го постигне почесниот гол за госите во 90. минута.

Монца, на поранешниот газда на Милан, Силвио Берлускони и Кремонезе, двата нови прволигаши имаат катастрофален старт на сезоната со 4 порази во 4 меча.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top