Top Sport

И рекордниот договор на Диего Симеоне од 780.000 евра неделно е под закана

Барселона не е единствен шпански клуб кој ги „крати“ платите на своите фудбалери, откако слични мерки се очекуваат и од Атлетико Мадрид, клуб кој има речиси 500 вработени, и кој го има најскапоплатениот тренер на светот, Диего Симеоне со 780.000 евра неделна плата.

Атлетико минатото лето платија 125 милиони евра на 20-годишниот Жоао Феликс, потег кој го отповари толку многу буџетот на клубот, што по повредите на Диего Коста и Алваро Мората во јануари немаа пари за да купат напаѓач. Сега се верува дека тие ќе се вториот клуб во Шпанија кој ќе најави „ЕРТЕ“, мерка за привремено отпуштање на вработените во „исклучителни“ околности.

Атлетико има трет најскап тим во Ла лига и во текот на една година исплаќаат фантастични 350 милиони евра годишно, а најскапо платен е Симеоне со 41 милион евра годишна плата, или 780.000 евра неделно.

Голманот Јан Облак заработува 400.000 евра месечно, Диего Коста 300.000 евра, додека Алваро Мората има 190.000 евра плата. Капитенот Коке (300.000), Феликс (280.000) и Саул Нигуез (230.000) исто така имаат огромни плати.

На стартот на сезоната клубот очекуваше приход од 518 милиони евра, кој сега е под закана поради тоа што не се играат натпревари, и поради недостатокот на парите од ТВ-правата.

„Привремените мерки не значат постојани мерки. Зборувавме со сите и сите се свесни на ситуацијата. Нема да има проблем од моите луѓе“, изјави оптимистички претседателот на клубот Енрике Серезо.

Scroll to Top