Паоло Дибала, беше дел од репрезентацијата на Аргентина, која пред три недели стана Светски првак во Катар. Дибала реши златниот медал да го проследи во клупскиот музеј на Рома.
Дибала во последен момент се најде на списокот на селекторот Лионел Скалони. На Светското првенство одигра само 17 минути. Влезе во игра, во финишот на финалсниот меч со Франција. Беше еден од играчите кои постигнаа гол за Аргентина во пенал серијата.
Инаку, Дибала оваа сезона пристигна во Рома откако му истече договорот со Јувентус.
Најдобрите моменти во кариерата ги живееше со „Старата дама“, но останува впечатокот дека не го исполни својот голем потенцијал.
Во Јувентус одигра 293 натпревари каде постигна 115 гола со 48 асистенции.
Тој оваа сезона одигра 12 натпревари за Рома, постигна седум гола и додаде две асистенции.